ЦЕА ОКИ (Општински Композитен Индекс) - Индекс


ЦЕА ОКИ - Индексот дава основа за споредба помеѓу Македонските ЕЛС. Го олеснува таргетирањето на цели, не само за менаџерите од централната и локалната власт, туку и за менаџерите донатори.
ЦЕА верува дека ЦЕА ОКИ - Индексот ќе биде корисен за локалната и за централната власт во изработката на стратегија и развојот на планови како и споредувањето помеѓу самите ЕЛС и зголемувањето на конкуренцијата помеѓу нив во Македонија.

ЦЕА ОКИ - Индексот се базира на 28 варијабли како што се презентирани на следнава табела:


ЦЕА Општински Композитен Индекс – ОКИ
 

Демографски композитен индекс

Композитен индекс на економски развој

Композитен индекс на социјалната инфраструктура

Композитен индекс на јавната инфраструктура


1. Индекс на стареење

2. Годишен прираст на населението

3. Стапка на наталитет

4. Нето миграција

5. Додадена вредност во нефинансискиот сектор

6. Стапка на раст на додадена вредност во нефинансискиот сектор

7. Стапка на невработеност

8. Образование
• Стапка на писменост
• Број на студенти во терцијалното образование

9. Здравство
• Број на лекари
• Смртност на новороденчињата
• Смртност од туберкулоза

10. Култура
• Кино претстави
• Јавни културни објекти

11. Млади во ризик
• Невработени млади
• Осудени малолетни лица

12. Демократија
• Кандидати за советници во ЕЛС во однос на избрани советници во ЕЛС
• Број на НВО

13. Рамноправност на половите
• Стапка на активност на жените
• Избрани жени за советници во ЕЛС како дел од вкупно избраните советници

14. Патишта

15. Телефонски претплатници

Може да избирате да ги видите резултатите помеѓу одделните индекси и/или комбинираниот ОКИ:

1. Демографски композитен индекс
2. Композитен индекс на економски развој
3. Композитен индекс на социјална инфраструктура
4. Композитен индекс на јавна инфраструктура
5. ЦЕА Општински Композитен Индекс - ОКИ

Систем на рангирање

Системот на рангирање има за цел да се измери социо-економската состојба на македонските ЕЛС.

Соодветните броеви на класи според правилата на Sturge се илустрирани во следната табела

NUTS

NUTS 3

NUTS 4

NUTS 5

Единици

8

34

123

Број на класи
(според правилата на Sturge)

4

6

8


Рангот-број еден покажува најдобри резултати така да, колку рангот е повисок толку состојбата во таа ЕЛС е полоша за соодветната варијабла.

Статистики достапни за секоја од варијаблите:

Минимум
Максимум
Просек
Коефициент на варијација

NUTS достапност

Достапни на:

1. NUTS 3 (8 региони),
2. NUTS 4 (34 општини),
3. NUTS 5 (123 општини).