| ЦЕА ИС (Индекс на Сиромаштија) - Индекс |
| Нивото на сиромаштија во општините и хоризонталното и вертикалното воедначување во една земја се меѓусебно поврзани. Знаејќи дека намалувањето на сиромаштијата е начин на унапредување на стандардот на живеење во еден регион (целта на децентрализацијата како процес) од една страна, фискалната децентрализација на една земја може да се искористи за намалување на сиромаштијата во земјата ако е тој процес е планиран и имплементиран на најефикасен начин. Од друга страна, степенот на сиромаштија, изразен преку индикаторите за сиромаштија може да се искористи за дизајнирање на оптимален меѓувладин трансфер систем. Поради горенаведените причини, фискалната децентрализација може да се разгледува и од аспект на намалување на сиромаштијата. Ние во ЦЕА ќе ја користиме методологијата на HPI-2 индексот за сиромаштија. Варијабли користени за индексите Поради недостатокот на соодветни податоци, ЦЕА ќе користи прокси податоци и ќе развие HPI индекс од следните варијабли: 1. Замена за долгиот и здрав живот ќе биде стапката на смртност на новороденчињата во соодветната единица. 2. Знаењето ќе се мери преку стапката на писменост во соодветната единица. 3. Социјалната исклученост ќе се мери со стапката на невработеност во соодветната единица Статистики достапни за секоја од варијаблите: Минимум Максимум Просек Коефициент на варијација NUTS достапност Достапни на: 1. NUTS 3 (8 региони), 2. NUTS 4 (34 општини), 3. NUTS 5 (123 општини). |