ЦЕА АЕ (Административна Ефикасност) - Индекс


Процесот на децентрализација треба да резултира во обезбедување на подобри услуги на граѓаните и на гласачите. Локалната самоуправа имаа компетенции и сила да ги користи ресурсите и да ги направи општините подобро место за живеење. Администрацијата на локалната самоуправа треба да овозможи истата да работи со најниски трошоци при ист квалитет на услуги. Локалната самоуправа во Република Македонија и нивните граѓани можат меѓусебно да се споредуваат во однос на ефикасноста на локалната администрацијата.

Варијабли користени за индексите

a. Број на вработени во локалната администрација по жител
b. Платите за локалната администрација во однос на вкупните расходи
в. Вкупни расходи по жител

Статистики достапни за секоја од варијаблите:

Минимум
Максимум
Просек
Коефициент на варијација

NUTS достапност

Достапни на:

1. NUTS 3 (8 региони),
2. NUTS 4 (34 општини),
3. NUTS 5 (123 општини).